Ниска инфлација и раст на градежништвото од 7 проценти

Bez autora
Feb 17 2011

Бруто-домашниот производ на РМ во периодот 2011/2013 ќе се зголемува просечно за 4,5 проценти и ќе го достигне растот што го имаше пред глобалната криза. Годинава растот ќе изнесува 3,5 проценти, идната 4,5, а во 2013 се очекуваат 5,5 проценти раст на македонската економија. БДП ќе овозможи и раст на нето-извозот, така што ќе се намали дефицитот на трговската сметка, додека пак бруто-инвестициите, јавните инвестиции и личната потрошувачка во овој период ќе растат. Ова е дел од макроекономското сценарио со кое Владата во мај годинава ќе го информира Брисел. Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, позитивно е што капиталните инвестиции се зголемени за годинава за 31 процент, а оваа тенденција е проектирана да продолжи и натаму.

Ниска инфлација и раст на градежништвото од 7 процентиБруто-домашниот производ на РМ во периодот 2011/2013 ќе се зголемува просечно за 4,5 проценти и ќе го достигне растот што го имаше пред глобалната криза.

Годинава растот ќе изнесува 3,5 проценти, идната 4,5, а во 2013 се очекуваат 5,5 проценти раст на македонската економија. БДП ќе овозможи и раст на нето-извозот, така што ќе се намали дефицитот на трговската сметка, додека пак бруто-инвестициите, јавните инвестиции и личната потрошувачка во овој период ќе растат. Ова е дел од макроекономското сценарио со кое Владата во мај годинава ќе го информира Брисел.

Според министерот за финансии, Зоран Ставрески, позитивно е што капиталните инвестиции се зголемени за годинава за 31 процент, а оваа тенденција е проектирана да продолжи и натаму.

- Растот најизразен ќе биде во градежништвото во просек од 7 проценти, индустријата ќе забележи просечен раст меѓу 5 и 8 проценти, земјоделството од околу 4 проценти, а услугите раст од 3 до 5 проценти - потенцира Ставрески. Според него, инфлацијата ќе остане на ниско и стабилно ниво до 3 проценти, иако врз неа ќе има директно влијание движењето на цените на светските берзи. За Ставрески раст ќе има и кај дефицитот кој ќе достигне 4 и 6 проценти, бидејќи увозот постојано ќе расте како последица на растот на извозот.

Министерот очекува и раст на инвестициите. Проекциите се дека просечниот раст во 2013 ќе достигне 5 проценти од БДП, а во 2014 и 2015 овој процент може да достигне рекордни 7 насто.

- Девизните резерви ќе бидат одржувани на високо ниво како резултат на координираната монетарна и фискална политика. Тие во моментов се милијарда и 730 милиони евра, што е солидно ниво и адекватно да покрие четиримесечен увоз на стоки - објаснува Ставрески. Според него, во делот на јавните финансии македонската Влада во Брисел ќе излезе со буџетскиот дефицит од 2,5 проценти од БДП, што е втор најнизок буџетски дефицит во Европа.

Се очекува капиталните расходи од сегашното учество од 11,9 проценти да достигнат 15,4 проценти во 2013 година. Во делот на јавниот долг земјава и понатаму ќе остане на ниво на средно задолжени земји, при што ќе се зголемат капиталните инвестиции во инфраструктурата, здравство, образование и енергетиката. Во овој период ќе се подобри и образовниот процес и тој ќе се фокусира според пазарот на капитал, со цел да се намали невработеноста и да се спушти под 28 проценти до крајот на 2013.

Ставрески потсети дека во мај очекува овој извештај да биде поддржан од министрите за финансии на ЕУ, но секако дека ќе бидат прифатени и нивните сугестии.

Според вицепремиерот за евроинтеграции Васко Наумовски оваа програма е еден вид подготовка на државите-кандидати за натамошната координација со економските политики, како држава кандидат за ЕУ. Основна цел на програмата е фокусирање на економските критериуми за членство, но да се развие институционалниот и аналитичкиот период на нашата администрација.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik